
Огромниот успех на новиот албум на Бијонсе ги засени сите останати поп ѕвезди, меѓу кои и Бритни Спирс, која, исто така неодамна објави нов албум, меѓутоа успехот кој го остварила ни приближно не е како оној на Бијонсе.
Бритни годинава го објави својот осми по ред албум за кој се испостави дека е најлошо пласиран албум во нејзината кариера, па е јасно зошто е револтирана од големиот успех на својата колешка.
Кога Бритни дознала дека албумот на Бијонсе е продаден во милионски примероци, го искршила компјутерот и се дерела на својот татко, кого го обвинува за тоа што нејзината кариера тргнала по надолна линија.
