Plymouth Blevedere Convertible 1957
27 декември, 20130
Апсолутно, еден од најубавите олдтајмери кога станува збор за изгледот. Belvedere е кабриолет кој е многу редок, односно произведени се само 9.866 автомобили. Доколку некој од вас го има гледано култниот филм Кристина од 1986 знаете точно за кое возило станува збор. Жолтата боја искомбинирана со хромирани бандажи и браници, како и страничните лајсни се доведени до перфекција. Внатрешноста е искомбинирана со мек тапацир, бела кожа и платина. Што се однесува до моќноста Belvedere има 8 цилиндричен мотор, 4.9 литражен со максимални 215 коњски сили. Да го поседувате овој абтомобил, треба да издвоите € 46.950.
httpv://www.youtube.com/watch?v=-_AcX9Vst0w