Бурж Ал Араб – заштитниот знак и гордоста на Дубаи
26 февруари, 20130
Овој хотел е еден од малкуте во светот кој добил дури 7 ѕведи. Тој навистина претставува синоним за луксузен живот…
Во последнава деценија Дубаи стана вистински синоним за луксуз, волшебна оаза која ви овозможува да почувствувате како е да се живее како вистински арабски благородник. Хотелите во Дубаи се вистински архитектонски ремек дела кои го фасцинираат целиот свет со својот неверојатен дизајн и безпрекорна услуга. Бурж Ал Араб е навистина еден од најубавите и најлуксузни хотели на нашава планета.