
Непосредно пред премиерата на една од најгледаните турски серии “Сила“, една од најголемите балкански ѕвезди, Цеца Ражнатовиќ изјавила дека со нетрпение го очекува емитувањето на оваа сапуница објаснувајќи дека ова е најдобрата серија што воопшто ја гледала до сега.
Иначе Цеца која е позната како голем фан на турските серии, за “Сила“ вели дека веќе ја гледала на интернет но тоа нема да ја спречи да ја гледа повторно на телевизиските екрани.
“Воодушевена сум од серијата, не верувам дека ќе можам да одолеам да ја гледам повторно кога ќе почне да се емитува кај нас“ – изјавила Цеца Ражнатовиќ и додава дека премиерата со нетрпение ја очекува и нејзината пријателка Вики Милковиќ.