
Чарли Шин повторно предизвика скандал и ги шокираше своите фанови, но не само нив.
Актерот кој веќе е возрасен човек, беше уловен од папараци како се “стиска“ со доста помлада девојка. И се покажа дека девојката не е било која туку познатата порно актерка Брет Роси.
Среќниот пар во моментов уживаат во Мексико и очигледно се насладуваат на тазе врската.
Актерот не пропушти шанса да се пофали со новата девојка објавувајќи нејзина фотографија на својот профил.
48 годишниот Чарли Шин е познат по многубројните жени и секс афери. Ова не е првата порно актерка со која Чарли бил во врска.


