Chrysler групата подготви нова, специјална едиција модел 300S дизајниран да им оддаде почит на 50-годишнината од легендарниот 1963 Турбина концепт …
Поставен е заедно со 2013 Chrysler 300 Motown едиција во Детроит и претставува еден вид на почит на оригиналниот концепт на турбина моделот, со “Turbine Bronze” мат боја и Gloss црн покрив.
Изменета е предната маска, како и фаровите, кои добиле црна завршница, а истото е направено и со задните светла. Стилизираните 22 инчни тркала, црните рамки на прозорите се само некои од промените кои се направени на овој модел.
По најавите на Chrysler, 300S Turbine Edition е направен само во еден примерок – барем за сега..