Да им ја кажеме вистината на мажите! Што е она што ни треба?

20 февруари, 20130
08

Денес повторно налетав на статус објавен на Фејзбук каде се вели дека жените биле празноглави и барале мажи со дебел новчаник. И навистина почна да ми се повраќа од мажи и маженца кои немаат елементарна култура ни пак умешност да освојат жена, а после мудро заклучуваат дека вината била во алчните жени, кои ете не им обрнуваат внимание. Затоа, сите вие кои не обвинувате и не споредувате со продавачки на парче месо, приберете се и слезете на земја.

Зошто независно колку пари да имате, тие никогаш нема да се доволни за жената да биде вистински среќна со вас. Жените сакаат однос – кавалерски, галантен, со почит. Ќе можете ли да си го купите ова?

Жените сакаат пријател со кого можат да споделуваат и од кого ќе добијат разбрање.

Жените сакаат да го цените тоа што ви ги собираат валканите чорапи и тоа дека после напорниот работен ден нашле сила да ви направат вечера, па макар биле и пржени јајца.

Жените сакаат маж кој не се срами да ја покаже љубовта. Што ќе ги бакнува и прегрнува како да се најскапото нешто на светот.

Жените сакаат стабилност. Која не доаѓа од бетонските основи на вашата убава куќа, туку од вашите намери. Од желбата да бидете добри сопрузи и татковци на своите деца.

Жените сакаат верност. А не да треперат дека ќе се поднапиете малку повеќе и ќе легнете со друга. И после дрско ќе тврдите дека било само секс!

Жените сакаат подршка. Да им ги избришете тажните солзи, а не да коментирати дека само плачат без потреба.

Жените сакаат да се број еден во вашиот живот. А тоа значи да покажете пред пријателите, колегите и пред малку досадната мајка дека за ништо на светот нема да го запоставите своето девојче.

Жените сакаат вистински мажи. А не искомплексирани мочковци кои го мерат својот престиж со помош на бројките поминати низ нивниот кревет.

Колку од вас можат да го дадат ова?

И пред да скокнете да протестирате дали воопшто жената го заслужува сето тоа, прво дајте и го! И тогаш ќе видите колку среќен може да ве направи таа.

Затоа, ајде веќе престанете да ни ја префрлате вината и да си барате оправдување за тоа дека не ви оди со жените. Бедни сте биле… Епа бедни сте! Но не во однос на пари!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi