Нарко бандите зе закануваат: Надал ќе го чуваат 4000 полицајци

20 февруари, 20130
07

Големо обезбедување е ангажирано поради бандите кои секојдневно меѓусебно се пресметуваат, а неодамна беа силувани и 6 девојки, туристи од Шпанија.

Над 4000 полицајци ќе го чуваат Рафаел Надал и останатите тенисери во текот на турнирот во Акапулко следната седмица.

Во Акапулко и околината владее висока стапка на криминал. Местово стана најсмртоносниот град во светот и локалната полиција веќе со години се обидува да ја спречи внатрешната војна помеѓу нарко картелите.

Неодамна членови на бандите упаднале во бунгаловите на плажата и силувале 6 шпански туристки, а претходно претепале 7 мажи кои биле заедно со девојките.

Обезбедувањето за турнирот веќе од среда почнува да се распоредува, а во организацијата се вклучени војската, морнарицата, федералната, државната и локалната полиција. Турнирот почнува 25 фебруари и ќе трае до 2 март.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi