Да сакаш, а сакат да не останеш?!

12 март, 20131
1

Старите често знаеа да кажат: Сакат да останеш, и тоа секогаш како реплика на често употребуваниот парадокс- сакам!

Како мал се прашував, без да останам запрашуван на современо Македонски литературен јазик, зошто сакат да останам кога некого сакам?!

Се разбира немав одговор! Бев премногу наивен или мал, за да сфатам колку љубовта и хендикепот наречен сакат,  имаат заеднички именител, или во најмала рака- родител!

Кога пораснав пак, зборот сакам многу поретко ми излетуваше од уста, пред се од разбирлив ,,мангупски,, аспект, но и рационален разбира се! Не е баш така лесно да се расфрлаш со емоции, а да не останеш неказнет- нели?!

Така растргнат на сите страни, човек и не успева да му ја најде специфичната тежина на т.н парадокс- љубов, па среќно заблуден си го живее животчето, опкружен од куп диви и полупитоми животни. Но инстиктот, наречен живот, многу често го бара оној што веќе како ,,узречица,, и најмалата инфантилна будала го става во уста- Марфи, му се раѓа преку ноќ, го остава затечен или тотално неспремен и…затоа никогаш не вели никогаш! Се случува на секој, а богами и на тие ,,нај јаките,,!

Но повторно истото прашање: зошто сакат кога сакаш?!

Најчесто сакати остануваат тие што сакаат погрешна персона.

Тоа сакање го крстуваат- офтамолошко. Сите одлично гледаат, освен тие засегнатите. Тој/таа те сака, а тој/таа си е воле! Волови колку сакаш, а и сточари отпојќе!

Други страдаат кога сакаат и безусловно- онака болнички! Таквото сакање на нечии умови влијае ,,апанзас,, па така неспремно и онака од ракав, го ставаат во клиничка осакатена рамка. Повторно сакат, иако чист како солза!

Трети сакаат класично- финансиски.  Тука валутата игра улога, но класично -географски ! Запад им е секогаш поинтересен од исток, разбирливо! Швајцарксиот начин на искажување љубов во последно време е најинтересен, иако есперантото како љубов на иднината, си ја игра својата емоција, најрационално. Чиста сметка- долга љубов! Внимавај сметките да си ги плаќаш на време, разбира се, сакат да не останеш, што од банки и затезни камати, што од големи несразмерни љубовни идили… сеедно!

Четврти, сакањето го сфаќаат психолошки. Влијае на психата на многу заинтересирани страни! Сите се борат за својата ,,осакатена,, половина, не штедејќи филмски ефекти од најсветски ранг. На ваквите, Холивуд одамна им завидува- нели? Сиромашкиот останува сакат, иако во улогите на сите протагонисти околу, од овој авантуристички филм,  најприкладно ќе им одговараат глумци од рангот на Шварценегер, Жан Клод Ван Дам, Џет Ли ..

Е ај сега?! Можам до задутре да ги редам овие љубовниве, но ниедна неосакатена нема да остане! Сакат до сакат, џанам патерици во изобилие се консумираат во сите големини и за сите намени!

Значи старите имале право: Сепак нема сакање без сакат да не останеш!

Но не очајувајте.. Лесно е, поготово кога знаеш дека сите околу тебе се на овој или на оној начин- хендикепирани. Борбата трае.. најважно е да победиш со најмалку жртви, зошто после секоја битка : сите генерали се мудри!

One comment

  • Nate

    19 март, 2013 at 13:34

    Interesna statija vo sekoj slucaj :))))

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber