Да се симнеме во темното подземје во “градот на светлината“

popara4 декември, 201317min00
9

Париз, градот на светлината, културата, шопингот, уметноста, крие темно и морничаво подземје исполнето со милиони човечки скелети – Париските катакомби.

На 20 метри под површината на Париз се кријат тунели кои потекнуваат од времето на Римското царство и служеле како каменоломи. Денес се верува дека тунелите се долги 300 км, а повеќето сеуште останале неоткриени.

Мрачниот и напуштен лавиринт од тунели е доволно језив сам по себе, но она што го прави побизарен се 6 – 7 милиони скелети сместени таму во 18 век.

Бидејќи бројот на жители константно се зголемувал, и со цел да се добијат повеќе слободни парцели за ширење на градот, парижаните ги ископале сите гробови. Во 1786 се откопани речиси сите гробови, а после две години напорна работа сите скелети се преместени во напуштениот каменолом, денес познат како катакомба, односно костурница.

Wikipedia

Wikipedia