Даниел: Сакам да бидам како Тоше Проески!
Талентираниот Даниел Кајмакоски од Струга кој живее во Виена и кој вчера во емисијата Х Фактор без текст ги остави публиката и жирито сеуште не верува дека со својот совршен глас го освои целиот регион.
Тој вели дека никогаш не учел музика, дека веќе 3 години работи на градилиште и дека сака да ја следи идејата на Тоше Проески, додека за врвен балкански пејач го смета Жељко Јоксимовиќ.
Даниел кој со семејството пред 6 години се преселил во Австрија не очекувал дека до тој степен ќе ја воодушеви публиката и дека за него ќе зборуваат сите медиуми. Додава дека е среќен и дека ужива во вниманието на јавноста.
“Сега сум на небо. Се воодушевив кога ја видов реакцијата после мојот настап, не ни сонував дека вака ќе биде. Не настапувам никаде, компонирам и создавам музика, сакам да направам нешто ново, а не да интерпретирам туѓа музика. Работев со Каролина гочева која направи бум со мојата песна. Кога нема работа околу музиката, работам на градилиште, еве така живеам последниве три години“ – раскажува Даниел.
“Проески е еден од најважните луѓе во мојот живот. Од секогаш ги слушам неговите песни, тој за мене е пример и идол и сакам да ја следам неговата идеја, неговите вредности, но не и да го копирам. Мило ми е кога ќе слушнам дека ме споредуваат со таков великан“ – гордо раскажува Даниел, кој за балканска музичка ѕвезда го издвојува Жељко јоксимовиќ.
httpv://www.youtube.com/watch?v=5DuK7aCXuHQ#t=17
httpv://www.youtube.com/watch?v=nI7qfo9SCL8