Британски пејач признал дека е педофил! (видео)

27 ноември, 20130
31

Ијан Воткинс, пејач од бендот “Lostprophets” признал вчера пред судот дека сексуално злоставувал деца, а за да биде се уште пострашно, Воткинс (36) е обвинет дека се обидел да силува 11 месечно бебе и тоа со благослов на мајката на бебето која е голем фан на оваа група.

Воткинс наречен од британските медиуми “монструм“ обвинет е дека сексуално злоставувал уште едно бебе чија мајка исто така е фан на оваа рок група, а на грб има уште 20 вакви слични случаи поради кои ако биде обвинет го очекува долгогодишна затворска казна.

Воткинс најпрво ја негирал вината се до вчера кога пред судот признал дека е педофил, но се правда со фактот дека бил под дејство на наркотици.

httpv://www.youtube.com/watch?v=DbUjdDH8AbY

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *