Се започна како шега што предизвика насмевка на лицата на некои патници. Меѓутоа, денес тоа е глобален феномен. Температурите во многу градови се под нулата, но тоа не спречи многумина да го одбележат 13-тиот по ред Ден без панталони.
Патниците на подземната железница во Лондон, Сиднеј, Берлин, Шангај, Софија, Пекинг и многу други светски градови ги соблекоа панталоните и на работа тргнаа во долна облека.
Оваа традиција почна во 2002 година во Њујорк, кога неколку луѓе одлучиле да донесат конфузија во подземна железница. Тие влегувале во метро без панталони, и кога некој ќе ги прашал зошто немаа панталони на себе, одговорот бил едноставен – ги заборавивме.
Оваа традиција од тогаш секоја година привлекува се поголем број “скромно облечени” луѓе.