Денес е ‘синиот понеделник’: Како да се преживее најдепресивниот ден во годината?!

21 јануари, 20130
depresiven den

Денеска, според истражувањата, е најдепресивниот ден во годината. Едно такво истражување покажува дека над 75% од луѓето сметаат дека најголем виновник за тоа е малото количество дневна светлина.

Доколку се чувствувате лошо, молчаливи или по малку и депресивни, за тоа постои објаснување. Според експертите, за тоа е виновен најдепресивниот ден во годината, третиот понеделник во јануари наречен Син понеделник.

Истражувањето покажува дека над 75 проценти од луѓето сметaат дека главен виновник за тоа е малото количество дневна светлина. Јануари е депресивен месец поради лошото време, а степенот на дневна светлина е исклучително мал.

Единицата според која третиот понеделник во јануари е прогласен за најдепресивен ден во годината ги зема во обзир низа фактори, како што се време, мотивација и потреба за движење.

„Мотивацијата во овој период е исклучително ниска. Постои нешто што се нарекува ’ефект на хибернација’, кога луѓето се чувствуваат летаргично и кога јадат повеќе од потребно, смета Клиф Арнал, психолог од Универзитетот во Кардиф.

Сепак, голем број експерти не се сложуваат со тврдењето на Арнал и сметаат дека не постои „несреќен понеделник“.

„Факт е дека равенствата што ги поставил Клиф Арнал се глупави, а некои воопшто немаат смисла од математичка гледна точка“, изјави за „Гардијан“ Бен Голдкре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi