Доказ дека луѓето не потекнуваат од Земјата?

20 ноември, 20130
12

Американскиот активист за заштита на животната средина, доктор Елис Силвер тврди дека луѓето не потекнуваат од Земјата.

Тој смета дека човекот никогаш целосно не се прилагодил на новата средина, што јасно покажува дека пред повеќе од милиарда години човекот дошол на Земјата од вселената.

Во својата книга “Човекот не потекнува од Земјата“ доктор Силвер анализира поединечни човечки карактеристики кои според него докажуваат дека за разлика од другите претставници на Земјата, човечкиот род е страно тело.

Тој истакнува дека луѓето имаат проблеми со грбот бидејќи еволуирале во средина со послаба гравитација.

За Сивер човечката кожа е уште еден доказ дека не сме создадени за живот на Земјата.

“Луѓето не се создадени да бидат толку изложени на сонце. За разлика од гуштерите ние не можеме да бидеме по цел ден на сонце, а тоа да не се одрази негативно“, вели тој, прашувајќи се што воопшто ние правиме тука?

Американскиот еколог дава пример за човечкото бебе кое доаѓа на свет со преголема глава. Жените тешко се породуваат. Често доаѓа до смрт на новороденчето или мајката поради таа причина. Ни една друга врста нема сличен проблем, истакнува тој.

За доктор Елис не постои сомнеж: Ние едноставно не сме од тука!

Тој верува дека човечкиот вид еволуирал на некоја друга планета и дека потоа сме се преселиле на Земјата.

“Кој знае, можеби Земјата е планета – затвор. Бидејќи по природа сме насилни, веројатно овде сме протерани за да научиме подобро да се однесуваме“, вели доктор Сивер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi