Докажано: Посната храна спречува инфаркт и рак!

28 ноември, 20130
23

Доколку сметате дека воздржувањето од мрсна храна некое време е безсмислено и непотребно и дека луѓето кои постат се религиозни фанатици, не сте во право!

Новото истражување спроведено во 10 држави низ Европа каде учествувале повеќе од милион испитаници, зборува за влијанието на прехрамбените навики врз човечкото здравје. Авторите на студијата нагласиле дека луѓето кои барем повремено не јадат намирници од животинско потекло генерално водат поздрав начин на живот.

Докажано е дека намирниците како сланина, шунка, кобасици, виршли, паштети и слично допринесуваат за предвремена смрт, додека намалената конзумација на црвено месо но и млечни производи се смета дека позитивно влијае на здравјето поради изворот на витамини во растителната храна чија конзумација во случајот се зголемува. Научниците акцентирале дека редовната конзумација на месни преработки го зголемува ризикот од предвремена смрт, карцином и кардиоваскуларни болести.

Foto-ilustracija: Foter.com / mache

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *