Домашни маски против есенски косопад

9 декември, 20130
23

Лековита маска против опаѓање на косата со пиво и јајце

Измешајте 20 мл пиво и 2 жолчки па со смесата намачкајте ја косата и скалпот. Овие состојки даваат нова сила на оштетената коса која паѓа. Маската треба да отстои еден час, после што се измива со млака вода.

Хранлива маска против косопад со камилица и мед

Сварете чај од камилица и оставете да се олади. Додадете лажица мед и мешајте додека добро не се раствори. Додадете 20 мл бадемово масло и повторно измешајте. Нанесете ја маската на скалпот и косата. Оставете така да делува колку може повеќе, после тоа се плакне само со млака вода.

Регенеративна маска против косопад со кромид, коњак и мед

Измешајте 1 супена лажица сок од црвен кромид, со една супена лажица коњак и една кафена лажичка мед. Нанесете ја смесата на скалпот и по должината на косата и добро измасирајте. После 4-5 часа се плакне косата со млака вода.

Лековита маска против косопад со оцет

Затоплете јаболков оцет на пареа. Втријте го во корените и по должината на косата. Завиткајте ја главата со најлон и топла крпа. После 1 час се плакне само со млака вода.

Лековита маска против косопад со рицинусово масло и јајце

Измешајте 30 гр рицинусово масло со 30 гр коњак и едно јајце. Намачкајте го коренот и по должината на косата. Завиткајте ја главата со најлон и топла крпа. После два часа се плакне косата со млака вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi