Две години после смртта, им приредила незаборавен Божиќ на семејството

25 декември, 20130
14

Бренда Шмиц, мајка на 4 деца, напишала писмо со три желби непосредно пред својата смрт и ги замолила пријателите писмото да го објават откако нејзиниот сопруг Дејвид ќе продолжи со животот и ќе најде нова љубов.

Бренда починала од рак во 2011 година, а месец дена пред нејзината смрт го испратила писмото на своите пријатели од кои побарала да го објават на локалното радио.

Дејвид бил изненаден и потресен кога му го прочитале писмото.

“Кога ќе го добиеш ова писмо, јас веќе сум ја изгубила битката со ракот. Побарав од моите драги пријатели да ти го дадат писмото тогаш кога ќе продолжиш со својот живот и кога ќе имаш нова љубов. “

Нејзината прва желба била неговата нова љубов, Џејн, која ја запознал во 2012 година, да има еден ден во седмицата посветен само за неа, за уживање.

“Таа тоа го заслужува, бидејќи таа е жената што ќе се грижи за моите 4 деца. Расположи ја, и знај дека секој нејзин труд е вреден и треба да се награди.“

Бренда исто така посакала семејството да отпатува на некоја егзотична дестинација, а третата желба и била да направат мала забава за лекарите кои ја лечеле.

Радио станицата и локалните спонзори ги исполниле сите нејзини желби, а семејството се упатило на магично патување во Дизниленд.

“Сите ние плачевме кога го прочитавме писмото. Навистина не инспирира да направиме се што можеме за да ги исполниме нејзните желби“, изјавил Ален од радио станицата.

httpv://www.youtube.com/watch?v=AG-xGNh3diw#t=13

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi