Иако, кога може Ријана секој ден да го објавува задникот на Твитер, зошто тој да не може…
Тинејџерскиот идол дефинитивно одлучи во 2013 година да влезе без досегашниот имиџ на добро момче. Џастин Бибер раскина со девојката, снимен е како пуши марихуана, го тужеле поранешниот телохранител и жена која тврди дека од него оглувела, а сега на сите ни го покажа, да ми извините, газот.
Не е познато што го натерало да се соблече на нет, но и претходно на Твитер објавуваше смешни фотографии.
“Еве, за сите вас кои велите дека панталоните ми висат”, напишал Бибер на мрежата каде има 33 милиони следбеници, со фотографијата на која носи премногу тесни панталони.