Џенет Џексон тајно се омажила за милјардер од Катар
26 февруари, 20130
Американската пејачка Џенет Џексон (46) тајно се омажила за Висам ал Мана (37), милјардер од Катар, уште минатата година.
Сестрата на покојниот Мајкл Џексон демантирала дека планира екстравагантна и гламурозна церемонија. „Веста за екстравагантна венчавка не е вистинита. Се венчавме минатата година во интимна атмосфера и мала церемонија“, изјавува парот во заедничкото соопштение.