
Џенифер Лопез е во тајна врска со колега – актер.
Во моментов пејачката се занимава со актерство и го снима новиот филм “The Boy Next Door”.
Токму таму, на снимањето на лентата латино дивата се запознала со младиот актер Рајан Гузман кој уште на прв поглед и се допаднал.
Изворот тврди дека дамата го направила првиот чекор, односно таа го поканила 26 годишниот Рајан на вечера.
Откако тоа се случило почнале да се среќаваат тајно.
“Џенифер многу добро знае дека односот со Каспер нема иднина“, тврди изворот.
Затоа латино дивата не губела многу време и се нашла во прегратките на уште еден згоден, млад маж.