Актерот Џорџ Клуни и супермоделот Синди Крафорд се долгогодишни пријатели, а се чини дека меѓу нив владее и силна хемија.
Всушност, по години пријателство Клуни и Крафорд завршиле во кревет заедно! Но, само во реклама.
Џорџ и Синди заедно снимиле нов рекламен спот за алкохолен пијалок Casamigos, а во него се појавуваат и нивните партнери Стејси Киблер и Ранде Гербер со кој Џорџ е близок пријател веќе дваесет години.
Во рекламата Гербер ја наоѓа неговата сопруга Синди со Клуни во кревет и вчудоневиден прашува: “Што се случува?”. Синди од срам се покрива преку главата.
“Ранде и јас обожаваме заедно да се забавуваме и да пиеме текила, а рекламата делумно се базира на реални настани”, ја скокотка имагинацијата на јавноста згодниот Клуни.