Еликсир за прочистување на организмот и сјајна кожа

14 декември, 20130
5

Сокот од алое вера е богат со многу хранливи материи па затоа е интересен и за нутриционистите. Освен што и помага на кожата, го зајакнува имунитетот и го чисти организмот. Богат со минерали, за сокот од алое вера се вели дека успешно го намалува нивото на холестерол во крвта, помага при губење на вишокот килограми, го подобрува варењето и имунитетот.

Имено, растението алое вера содржи ензими кои се многу добри за варењето на храната и за елиминирање на токсините од телото. Алоето содржи бројни витамини, вклучувајки А, C, E, фолна киселина, B1,B2,B3,B6, и е едно од ретките растенија кои содржат витамин B12, кој ја помага работата на мозокот и нервниот систем.

Од минералите обилува со калциум, магнезиум, цинк, хром, селен, натриум, железо и калиум. Содржи амино киселини и масни киселини, кои исто така го олеснуваат варењето на храната.

Ја зајакнува природната способност на телото да се бори против болестите и ги исфрла токсините од телото. Британската нутриционистка Mаделајн Шо вели: “Алое верата е долична и кога чувствувате било каква субјективна непријатност. Ги смирува внатрешните органи и помага во намалување на надуеноста”.

Сокот од ова растение традиционално се користи за ублажување на изгореници и псоријаза, а придобивките се далеку поголеми, особено ако се внесува во организмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *