Епл би можел да продаде 17 милиони Ајфони преку China Mobile
5 декември, 20130
Епл би можел да продаде преку 17 милиони Ајфони во текот на 2014 каде се очекува финален договор помежу овие 2 гиганти. Двете компании потпишале договор, изјавиле од Wall Street Journal во средата. Ако декемвриската дата е точна, 17 милиони Ајфони бо можеле да му го покачат годинешниот прилив на Епл за 5 проценти на глобално ниво. Така, China Mobile би го продавала iPhone 5C за цена од $525 за разлика од $575 каде што е цената насекаде во светот. “Ние исто така очекуваме од Епл најкасно до есен да направат надоградба на оперативниот систем. Сите нови уреди ќе имаат најнов оперативен систем и продажбата ќе биде многу подобра “ – изјавиле од China Mobile.