
Новото Ауди ТТ кое треба да пристигне во 2015 ќе има неколку освежувања како во надворешниот така и внатрешниот дел. Првенствено ќе биде доста полесно од својот претходник, на кое ќе се должи подобрата ефикасност и помала потрошувачка. Генерално гледано, надворешноста ќе личи горе-доле како својот постар брат. Промените ќе се најдат на предниот дел од возилото. Поагресивните предни светла ќе му дадат нов лик на предниот дел. Стандардниот ТТ модел ќе има 2.0 литарски турбо директен вбризгувачки, 4 цилиндричен мотор со 220 коњски сили со погон на предни тркала. ТТЅ моделот ќе биде со сличен мотор како стандардниот, само со 300 коњски сили и систем 4х4, односно погон на сите 4 тркала. Последниот ТТ RS ќе биде 5 цилиндричен турбо мотор со 380 коњски сили, кој ќе има 4х4 погон и 2х двоен автоматски менувач. Почетната цена ќе стартува од $45.000 па нагоре.