Фантастични чоколадни коцки со само 3 состојки

popara11 декември, 201317min00
13

Состојки:

2 дл слатка павлака

50 гр путер

30-40 гр црна чоколада, најмалку 70% какао

Подготовка:

Ставете ја павлаката на оган и во тоа додадете ја чоколадата за да се стопи. Додадете го и путерот за да се стопи и мешајте постојано додека не проврие. Намалете ја јачината на огнот и оставете ја смесата на оган 20-30 минути без капак. Често мешајте и внимавајте да не загори. Кога ќе се згусне префрлете ја смесата во помал плех обложен со хартија за печење. Оставете го десертот во фрижидер во текот на ноќта за да се стегне, а следниот ден таблата се сече на мали коцки. Се чува во фрижидер. Вкусот е навистина фантастичен.