
Состојки:
За кора:
7 белки
7 лажици шеќер
7 лажици брашно
1 прашок за пециво
Се пече околу 20 минути на 150 степени, зависи од рерната, може и побрзо да се испече.
Фил:
7 жолчки
7 лажици шеќер
7 лажици брашно
1 ½ филџан млеко
Сето ова добро се мати и се додава во 7 дцл врело млеко и се меша се додека смесата не добие густина како пудинг.
Во оладената смеса се додава и маргарин. Врз овој фил се премачкуваат 2 пакетчиња шлаг крем од ванила и на крај шлаг пена.