Фаталната Амелија поради која папата се замонашил!

15 март, 20130
1

Светските медиуми веднаш после прогласувањето на новиот папа го истражуваат секое делче од неговиот живот. Освен тоа што е познато дека е особено скромен и дека е на страната на бедните и безпомошните, откриена е и Амелија. Станува збор за фаталната жена за тогашниот Хорхе Марија Бергољо.

Аргентинските медиуми ја пронашле Амелија која била запросена од Хорхе, но таа одбила. После големото разочарување тој станал свештеник.

„Омажи се за мене или ќе се замонашам“, рекол Бергољо.

Амелија пред медиумите негира дека ја одбила неговата понуда.

„Нашата љубов ја прекина мојот татко. Во една прилика татко ми го прочита писмото што ми го испрати Хорхе, ме претепа бидејќи тогаш не ми дозволуваше да се дружам со машките“, рекла Амелија. Во писмото сегашниот папа ја нацртал нивната заедничка куќа која ќе ја купи за Амелија кога ќе се венчаат.

Сепак, таа вели дека со духот сеуште е заедно со Хорхе.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *