Се ќе биде во ред..

15 март, 20130
2

Читам секаде политика, па си реков ај да ја чепнам и јас.

А заш?! Заш Струга е мој град. Многу повеќе од сите дојденци..натрапници кои без трунка совест, го рушат идентитетот на мојот град- Струга.

Струга беше отсекогаш колевка на културата.. писменоста.. скромниот но секогаш присутен соживот на граѓани… и тоа граѓани без трунка индијански акцент.. граѓани што повеќе од се на светот го сакаа својот град.. градот Струга!

Изминатите 60тина години, разни Индијанци од разни чудни причини, го јавнаа градот без концепт.. за да му ја земат душата што со векови моите предци многу внимателно ја чуваа како нешто свето.. најсвето!

Струга даде свои синови и ќерки за Македонија. Со Т’га за Југ но со невидена радост за нејзин опстанок. Струга живееше во духот на Македонштината и тоа светата, недавајќи никому можност да и го сквернави ликот. Нејзиното срце, смееше само Дрим да го дели на два дела. Оној стариот од памтивек и оној новиот преку Влашка маала до Мислешево.

Струга беше град на Стружани. А Струга е и Збажди, Калишта, Мислешево, Дрслајца.. Струга е и Горна и Долна Белица, Октиси. Струга е Вевчани.. Струга е Македонија!

И Струга беше Македонија се додека не се појави една чудна ,,политичка,, фигура , која без трунка памет во својата ќелава глава, од најситни лични и чудни политички интереси, ја продаде Струга на Индијанци, кои за неполни 8 години и го уништија духот граден со векови наназад.

Струга ја сака Македонија, а Македонија неможе без Струга.

Затоа Стружани, вратете ја Струга на вистинскиот пат! Има само еден, но овој досегашниот бидете сигурни, е најпогрешниот! За Струга ќе се гласа за прв пат Македонски, целосно! Гласајте за Струга.. Гласајте за Македонија!

Ја САКАМ Струга и СЕ што е Струшко! Ја САКАМ Македонија!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber