FBI во хаос! Вработените споделуваат фотографии со еротска содржина!

22 февруари, 20130
04

Управата на FBI се обидува да воведе ред помеѓу своите вработени бидејќи спроведената интерна контрола покажала дека нивното однесување е неприфатливо, недолично, бизарно или во најмала рака неозбилно.

Контролата покажала дека нивните активности не се воопшто во склад со мотото на оваа агенција „Дискреција, Храброст, Интегритет“.

Според изјавата на Кендис Вил, асистенка во бирото, од 36000 вработени секоја година дисциплинска опомена добиваат над 2000 вработени.

Една од вработените е фатена како испраќа свои голи фотографии на колегите што довело до „опаѓање на концентрацијата и општ хаос во колективот“. Друга пак преку службената технологија испраќала голи слики од девојката на нејзиниот бивш дечко.

На некои од нив им панднало на памет со своите службени телефони да нарачуваат еротски масажи чии сметки отишле на контото на бирото. Повеќе од 20 вработени биле отпуштени минатата година поради кршење на американските закони.

Еден од вработените добил отказ откако ја нападнал својата сопруга, а потоа со службениот пиштол ги нападнал и полицајците кои дошле да го уапсат. Друг пат два пати е апсен за возење во пијана состојба и кражба на кредитни картици со кои плаќал гориво.

Отказ е доделен и за вработениот за кој е откриено дека поседува детска порнографија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi