Јасмина Смилевска е мајка на 8 деца. Најмалото синче го роди синоќа, како прво бебе во 2013 година.
Таа е родена во 1971 година. Претходно има родено пет машки и две женски деца.
Се породила по природен пат на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, една минута по полноќ.
Бебето е тешко 4 килограми и 300 грама и долго 54 сантиметри. Тоа и мајката се чувствуваат добро.Бебенцето ќе се вика Филип.