
Задругата испратила писмо со задачи до станарите односно да го изберат најскржавиот фармер, а Екрем Јевриќ, актуелниот газда оваа седмица, имал задача да го прочита писмото. Како што е познато, Екрем слабо чита, па затоа веднаш им се извинил на фармерите.
“Не ми замерувајте што не знам добро да читам, бидејќи не сум завршил факултет, а и подобро што не завршив, бидејќи така ќе заработував само 300 евра месечно!“, изјавил Екрем.
Со оваа изјава Екрем ставил јасно до знаење дека подобро поминува од оние со факултетска диплома. Неговата филозофија и нас не замисли…