Австралискиот модел Лара Бингл го обвинила списанието “Famous“ поради нејзините фотографии кои се нашле на насловната страна. Уредниците на списанието ја унакажале преубавата девојка со помош на Фотошоп кои и додале тон целулит на задникот и бутините. Истите тие фотографии без целулит претходно ги објавило списанието “Who“.
Бингл на Инстаграм ги објавила оргиналните фотографии на кои се гледа дека нема ни грам целулит.
“Одвратни сте. Ова е за срамота“ – напишала Лара на Инстаграм.