Ги дрогирала родителите за да може да сурфа на интеренет!

7 јануари, 20130
internet

Американската тинејџерка уапсена е бидејќи ги ‘успивала’ родителите за да може да седи пред компјутерот.

Неиенувана 15-годишна девојка ги дрогирала своите родители со помош на другарката, за да може да сурфа на интернет, пишуваат американските медиуми.

Девојката била со другарка во домот во Роклин во Калифорнија, и кога родителите ги прашале дали сакаат нешто од блискиот ресторан за брза храна, се понудиле да одат да купат милкшејкови за сите во куќата.

Родителите ги испиле шејковите, а потоа почнале да се прозеваат. Буквално заспале таму каде што седеле, а следното утро се разбудиле  со симптоми слични на мамурлак.

Бидејќи почнале да се сомневаат, купиле домашен тест за опијати, се тестирале  утврдиле дека во системот имаат голема количина на средства за успивање.

Кога се соочиле со девојките, тие признале дека им додале лекови во милкшејковите, за да можат да продолжат да сурфаат на интернет и после
‘полицискиот час’, односно 22 часот кога  треба да одат на спиење.

Девојките ќе бидат изведени пред суд за малолетнички деликвенти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit