Главен дезен за сезона лето 2013-та се ригите
27 февруари, 20130
Духот на родното место на Доменико Долче, прекрасната Сицилија, последните неколку сезони е неицрпна инспирација на италијанското дизјанерско дуо. Сонцето, морето и љубовта била главни мотиви за летната Dolce&Gabbana колекција која е преполна со бои.
“Поздрав од Сицилија. Море. Сонце. Љубов.”, е краткиот опис на поканите за ревијата, кои Dolce&Gabbana ги испратиле на модните уредници во светот, а со својата летна колекција невистина не не разочараа.
Силуетите кои се составени од тесни свилени здолништа и широки туники исто така повикуваат на минатите времиња, а посебно внимание привлекле ригите кои на прв поглед изгледаат како со рака нацртани, во црвени, сини и бели нијанси.