Гледал на Скајп како монструмот со нож му ја убива трудната сопруга!

4 ноември, 20130
10

Рејчел Пул (31) од Ел Пасо, Тексас, во деветти месец бременост и омажена за американскиот војник Џастин Пул ангажиран во југоисточна Азија, е нападната и избодена со нож, додека нејзиниот сопруг безпомошно го гледал сето тоа на Скајп.

За среќа жената преживеала но се здобила со тешки повреди и го изгубила едното око. Животот на бебете не е загрозен и за неколку дена треба да се роди.

Рејчел го препознала напаѓачот, тоа бил колега на нејзиниот сопруг, војник во базата Форт Блис. Тој на нејзиниот сопруг му должел пари и наводно дошол со неа да разговара за парите што ги должи. Бидејќи не ја затекнал дома, се скрил во куќата и чекал да дојде.

Кога се вратила, Рејчел се уклучила на Скајп за да разговара со сопругот. Потоа Мос излегол од засолништето и ја нападнал од зад грб со нож. Жената веднаш го препознала и неколку пати јасно го изговорила неговото име, со цел нејзиниот сопруг да слушне.

Иако не бил во состојба да и помогне на сопругата во моментот на нападот, Џастин Пул веднаш ги повикал колегите од воената база каде Мос се упатил и ги известил за се што се случило. Веднаш бил уасен, а ножот со кој ја повредил жената бил пронајден во неговиот автомобил.

Пул на Фејсбук го изразил својот гнев и очај поради настанот на кој бил сведок велејќи дека тој ветил да го даде животот со цел неговата сопруга и дете да уживаат во слободата, а не обратно.

Foto: Facebook / Prayers and Updates for Rachel Poole

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi