Проверете: Што сте биле во минатиот живот и што ќе бидете во иднина?

4 ноември, 20130
12

И покрај тоа што науката ги негира овие теории, експериментите на доктор Константин Котроктов за прв пат во историјата успеале да се приближат на емпириското. Значи, ако реинкарнацијата сепак постои, дознајте што сте биле во минатиот живот.

Трагачи по среќа

Години: 1927, 1936, 1945, 1954, 1963, 1972, 1981, 1990, 1999, 2008, 2017.

Минато: Во минатиот живот сте биле цар, крал, владетел или сте припаѓале на високо благородништво.

Сегашност: Во втората половина од животот ќе имате повеќе среќа и на крај ќе бидете задоволни од вашата судбина. На сите полиња трагате по среќа и длабоки задоволства. Склони сте на депресија.

Иднина: Следниот живот ќе го поминете по планините како осаменик или екстремен спортиста.

Поети

Години: 1926, 1935, 1944, 1953, 1962, 1971, 1980, 1989, 1998, 2007, 2016.

Минато: Во претходниот живот сте биле дете на демонот, а во тој пред него – канибал. Сте поминале многу време лутајќи низ световите.

Сегашност: Имате јака харизма и би можеле да станете политичар, говорник или водител. Зборувате малку, но остро, а поради своите необични мисли ќе се судрувате често со завист и омраза од околните.

Иднина: Во паралелниот универзум ќе бидете дух, а во овој монах.

Уметници

Години: 1925, 1934, 1943, 1952, 1961, 1970, 1979, 1988, 1997, 2006, 2015.

Минато: Во некој од минатите животи сте биле диктатор кој погубил илјадници, потоа сте биле канибал и на крај слон.

Сегашност: Никогаш не ви е доста од пари, моќ, слава…Неодлучни сте и амбивалентни. Можно е да имате неколку бракови. Пазете се од луѓето кои сте ги понижувале, во некој од наредните животи тие би можеле да се над вас и да ви се осветат.

Иднина: Во некој од следните животи ќе бидете уметник.

Љубовници

Години: 1924, 1933, 1942, 1951, 1960, 1969, 1978, 1987, 1996, 2005, 2014.

Минато: Во минатиот живот сте биле конкубина или император.

Сегашност: Често ќе се чувствувате како роб на љубовта. Трпите големи жртви во името на партнерот. Добар пријател сте и чесен човек. Сепак вие сте склони на негативна перцепција на реалноста, па затоа често пати сте цинични и конфликтни.

Иднина: Во следната реинкарнација ќе бидете фото модел.

Научници

Години: 1923, 1932, 1941, 1950, 1959, 1968, 1977, 1986, 1995, 2004, 2013.

Минато: Во секоја претходна инкарнација сте владееле со големо знаење, а среќата ве чекала во земјата во која сте биле родени.

Сегашност: Ви предстои голем успех на полето на науката или друга интелектуална дејност. Ретко сте задоволни со резултатите од својата работа бидејќи сте перфекционисти, но затоа несебично им помагате на другите да остварат успех.

Иднина: Во следниот живот ќе бидете човек на многу висока функција како награда.

Астролози

Години: 1922, 1931, 1940, 1949, 1958, 1967, 1976, 1985, 1994, 2003, 2012.

Минато: Надарени со јак ум и моќна интуиција, некогаш сте биле астролог, маг или волшебник.

Сегашност: Ќе имате многу пријатели и љубовници. Добри сте кон другите, а тие ви враќаат со зло. Вашиот пристап е необичен, но вашата душа е чиста. Тешко одржувате сериозни врски, лесно влегувате во авантури.

Иднина: Ќе бидете голем научник или астролог.

Горди луѓе

Години: 1921,1930, 1939, 1948, 1957, 1966, 1975, 1984, 1993, 2002, 2011.

Минато: Сте биле полубог, или суров горски дух. Поради тоа во вас има толку многу гнев и агресија.

Сегашност: Ќе добиете се што сте сакале, вклучително и власт, што ќе ја изгубите поради предавство. Секогаш ќе имате сила, она што еднаш сте го постигнале, да го постигнете повторно. За вас е типично да ја менувате традицијата, да рушите правила и поместувате граници.

Иднина: Во следниот живот ќе бидете монах, аскет кој строго се придржува на правилата.

Менувачи на судбина

Години: 1920, 1929, 1938, 1947, 1956, 1965, 1974, 1983, 1992, 2001, 2010.

Минато: Пред два живота сте биле војник варварин, а потоа сте се родиле како жена – уметник.

Сегашност: Омилени сте во друштвото на богатите и моќните, па затоа помош ви пристига од сите страни. Дури и вашите лоши дела немаат сила да предизвикаат казна. Боговите секогаш се на ваша страна. Мошне сте интелигентни и талентирани.

Иднина: Следниот живот ќе бидете врвен уметник или духовно лице.

Лечители

Години: 1919, 1928, 1937, 1946, 1955, 1964, 1973, 1982, 1991, 2000, 2009.

Минато: Во животот пред овој сте биле дете на боженствената медицина.

Сегашност: Треба да бидете лекар или некој кој им помага на другите. Ако ја следите својата судбина животот ќе ве награди со благосостојба, ако бегате од обврските на вашата карма дадени од небото, сите ќе се свртат против вас. И богатството ќе бега од вас.

Иднина: Ако бидете во склад со судбината, ќе се родите повторно како моќен исцелител.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi