Гол маж се заглавил во оџак

10 јануари, 20130
ogjak

Германските пожарникари спасиле од оџак гол маж кој таму се заглавил. Пожарникарите не успеале да му помогнат на 39 годишниот човек кој се заглавил во оџакот на длабочина од 10 метри.

„Спасувачите кои се специјализирани за спасување луѓе од големи височини, го извлекле човекот со помош на дигалки и јажиња. На почетокот можел да се држи за јажето, но потоа снемал сила, па требало да смислат друг начин за да го спасат“, изјавил портпаролот на пожарникарите.

Тим од 30 пожарникари и 10 мажи направиле дупка на вториот кат од зградата и успеале да го извлечат несреќниот маж кој бил онесвестен и веднаш префрлен во болница.

„Претрпел повреди поради падот и немањето облека, му било многу ладно“, изјавил портпаролот.

Спасувачката акција траела два часа, а не е познато колку време пред тоа мажот бил таму, ниту пак причината поради која таму бил гол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi