Хакер осуден 10 години затвор за сајбер напад!

popara17 ноември, 20131min00
3

Федералниот суд во Њујорк го осуди Џереми Хамонд  (28) на десет години затвор, бидејќи е прогласен за виновен за сајбер напад на компанијата “Стратфот“.

Хакерот Џереми Хамонд кој изјави дека е дел од групата “Анонимус“ обвинет е за кражба на податоци од Стратфор 2011 година, компанија која се занимава со глобални, економски, политички и информативни анализи.

Податоците вклучуваат детали за над 850000 клиенти. Некои од украдените материјали биле објавени на Викиликс сајтот.

Викиликс претходно објавиле соопштение по повод овој случај велејќи дека администрацијата на Обама кон Хамонд се однесува срамно.