Хит на Фејзбук: Преку глава ви е од чекање во ред? Тајланд има решение!
20 февруари, 20130
Низ социјалните мрежи неодамна почна да се распространува една доста необична фотографија, која би рекле го унапреди процесот на нездраво чекање и стоење во ред.
За што станува збор? Наместо нервозно да стоите и да чекате да ви дојде редот, овие досетливи луѓе смислиле многу подобра варијанта на чекање. Во редот ги оставаат само своите чевли и на тој начин ги решаваат нервозите, мактрпното стоење, туркање, дишење во врат, кавги и слични незгоди.
Во секој случај „жителите“ на Фејзбук заклучиле дека ова е одлично решение.