Хит на годината: Вака ќе изгледа серијата „Angry Birds“
7 март, 20130
Компанијата „Rovio Entertainment“ соопштила дека е во план да лансира 3Д филм за популарната игра „Angry Birds“ која би требало да ја очекуваме во 2016-та година, а до тогаш фановите на оваа популарна игра ќе можат да уживаат во серијата „која ги остава вратите ширум отворени кон Островот на свињите“.
Сите други детаљи „Rovio“ ги чува во тајност, а американските медиуми пишуваат дека серијата би требало да биде прикажана само на сајтот на компанијата бидејќи со тоа сака да ја обедини својата понуда која покрај игри вклучува и играчки, гардероба со карактеристичните ликови, аксесори за телефони и др.