Жените имаат помал мозок, но поефикасен од машкиот!

7 март, 20130
8

Жените можеби имаат помал мозок, но е поефикасен од мозокот на мажите, открива новото истражување. Научниците долго време се прашувале зошто жените се исто толку интелигентни како и мажите иако нивниот мозок е 8% помал.

Во студијата се вели дека големината на мозокот не е важна и дека овој орган кај жените функционира подобро.

Во текот на истражувањето научниците направиле серија тестови за интелигенција кај двата пола. И покрај тоа што имаат помал мозок жените биле поуспешни во процесот на индуктивно размислување и поединечни нумеролошки тестови.

Научниците утврдиле дека женскиот мозок е способен да реши па дури и брилјантно да заврши комплицирани задачи и тоа со многу помалку енергија и неурони.

Жените покажале поголема ефикасност при тоа користејќи помал неуронски материјал – се вели во студијата на американските и шпански научници.

Резултатите покажале дека големината на мозокот не е пресудна кога се работи за жените. Малиот обем би можел да значи поефикасно пакување на нервните ќелии или поактивно пренесување на сигналите. Тоа значи дека женскиот мозок подобро функционира – изјавил Тревор Робинс, професор на универзитетот во Кембриџ.

Foto-ilustracija: Foter/Hey Paul Studios

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi