Закана од Северна Кореја: Ќе лансираме нуклеарна бомба кон Америка!

7 март, 20130
9

Пјонгјанг – Северна Кореја се заканува дека ќе лансира превентивен нуклеарен напад против САД, со што ќе ја зајакне својата заканувачка реторика неколку часа пред гласањето во САД по повод поставување санкции против Пјонгјанг поради неодамна спроведените нуклеарни проби.

Иако Северна Кореја изврши повеќе нуклеарни проби, се верува дека сеуште не е во состојба да произведе атомска глава доволно мала за да се вгради во проектил кој би можел да ја достигне територијата на САД. Сепак се верува дека земјата поседува доволно нуклеарно гориво за неколку нуклеарни направи.

Северна Кореја наведува дека нејзиниот нуклеарен програм е одговор на американското непријателство кое датира од Корејската војна водена од 1950 до 1953 година и која заврши со примирје, а не со мировен договор, што го остави корејскиот полустров технички и понатаму во воена состојба.

Пјонгјанг тврди дека Вашингтон и другите членови на меѓународната заедница ги поминуваат границите на економските санкции, односно дека нивните мерки преминуваат во чиста агресија и воен напад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi