Хит во Виетнам: Глувци на скара

popara6 декември, 201318min00
4

Во Ханоиу, главниот град на Виетнам, се наоѓа ресторан кој го прилагодил своето мени на ловната сезона. Всушност, настапила сезоната кога се ловат глувци, а овие животни се многу вкусен оброк.

Во овој период од годината кога се бере ориз, земјоделците во јужна Азија се занимаваат и со лов на глувци, кои можат да се најдат на сите пазари.

Ловот е најпродуктивен кога ќе настапи сезоната на поплави, бидејќи глувците тогаш бегаат од своите поплавени живеалишта, па не е тешко да се уловат. За подготовка на ваков специјалитет потребно е да се издвојат 4 до 5 долари за килограм месо.

Foto: Profimedia/AFP

Foto: Wikipedia/Edal Anton Lefterov