Што би сакале пред смртта: Напишете ја последната желба на оваа табла!

6 декември, 20130
3

Откако изгубила некого што сакала, Кенди Чанг некако и тргнало од рака своите емоции да ги пренесе на целиот свет. “Пред да умрам би сакала…“ е феномен кој набрзо доби светска слава.

Станува збор за големи црни табли на кои е започната реченицата, а минувачите можат сами да ги пополнат своите желби со креда оставена до таблата.

Се започнало кога Чанг исцртала еден ѕид од напуштена куќа во Њу Орлеанс. Само ден подоцна целиот ѕид бил преплавен со пораки. Денес постојат повеќе од 400 вакви ѕидови ширум САД, а 60 во други земји.

Секој ѕид е автентичен на свој начин и ја претставува својата заедница. Пред да умрам сакам да откријам лек за аутизам, да престанам да земам дрога, да им признаам на родителите дека сум геј…вака луѓето едни со други споделуваат емоции.

Foto: beforeidie.cc

Foto: beforeidie.cc

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi