Hyundai Genesis
14 ноември, 20130
“Се што сакаме е многу поголем луксуз. Genesis ќе го води патот” – изјавил Мун Сик Квон претседател на Hyundai R&D, во врска со најновото возило што треба да се појави во 2014.
Официјални детали за ова возило сеуште нема, но можа да се каже слободно дека ќе биде потенцијален ривал на добро познатите Mercedes и BMW. Хјундаи признаваат дека новиот Genesis нуди врвна класа на возење и врвни технички перформанси.Ќе дојде во неколку верзии слични како претходниот модел, 3.8 литарски V6 и 5.0 литарски V8 мотор, со најновата HTRAC технологија која ќе има вртежен систем на сите тркала,кој во зависност од теренот на кој се вози, електронски ќе се подели работата од предни на задни тркала и обратно.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Jc_-bkroCAU