
Можеби повеќе луѓе им се потсмеваат на Самсунг бидејќи наводно имаат ефтини – пластични дизајнирани телефони, но тие се така намерно дизајнирани за да можат да се продадат во повеќе од 10 милиони.
“Strategic Analytics“ известуваат дека Самсунг се сега на 1-во место во светот во секој регион, каде што се собираат информации и според кои за првпат се најдоа на првата позиција како компанија која има најмногу продадени производи во светот.
Првичната стратегија на Самсунг била да лансира 1 до 2 модели во текот на една година, како што е Галакси S4 и Галакси Note 3 во 2013, пред тие да пуштат уште неколку варијации на истите тие модели како што се Галакси S4 Зум, Галакси S4 мини и Галакси S4 Актив. Додека оваа стратегија критичарите ја оценија како измама со сличните модели, дефинитивно се покажала ефективна од продажба на единици на маркетот во секој можен регион низ светот.