Инспирација за секоја жена: Десет мисли од Ив Сен Лорен

popara24 декември, 201318min00
17

Борејќи се цел живот со депресијата, самоубиствените пориви и зависност од наркотиците, тој беше последниот од групата големи уметници кои од Париз направија центар на модата.

Слушнете што има да ви каже овој необичен творец:

“Најдобрата облека за една жена се прегратките на мажот, мажот што ја љуби. Но за оние кои се лишени од таква среќа, постојам јас…“

“Најубавата шминка за една жена е страстта.“

“Љубовта е најдобрата козметика! Но козметика се купува полесно…“

“Со тек на време научив дека најважното за еден фустан е жената во него!“

“Облеката треба да биде слуга на индивидуалноста, а не обратно.“

“Во овој живот жалам само за едно – зошто јас не ги измислив фармерките? Фармерките се најшикозната, најпрактичната, најудобната и најнепретенциозната облека. Тие се експресивни, едноставни, скромни и секси – сето она, за кое се надевам дека го поседува и облеката што јас ја правам.“

“Не постои друга боја, освен црната!“

“Модата го губи својот сјај, стилот е вечен.“

“Никогаш не треба да ја поистоветуваме елеганцијата со снобизам!“

“Би бил среќен во Рајот само под еден услов: Ако ангелите се облечени со вкус!“

httpv://www.youtube.com/watch?v=bXQoO9r_CuY

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *