ИНСТИТУТОТ „ЈУНУС ЕМРЕ“ И ХАЛКБАНК ТУРЦИЈА СО ПРОЕКТ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ТУРСКИТЕ ЗАНАЕТИ НА БАЛКАНОТ

31 мај, 20130
naslov

Скопје 31 мај 2013 – Турскиот институт „Јунус Емре“ во соработка со Халкбанк Турција годинава започна со проект за зачувување на традиционалните турски ракотворби на Балканот.

Идејата за овој проект произлегува од настојувањата да се спречи исчезнувањето на постоечките традиционални занаети и истите да се пренесат на идните генерации.

Проектот треба да ја стимулира културната и економска активност во регионот, да доведе до поголеми приходи остварени од туризмот, како и до зачувување и понатамошно опстојување на заедничките културни вредности кои што по повеќевековното постоење полека исчезнуваат од овие простори.

За изучување на веќе исчезнатите или заборавените вештини за изработка на традиционалните турски ракотворби на Балканот ќе бидат организирани повеќе видови на бесплатни уметнички курсеви под раководство на стручни професори од Турција.

Македонија е првата земја каде почнувајќи од март годинава, овој проект веќе интензивно се спроведува. Досега на курсевите за изработка на филигран, сребро и резба се вклучиле 110 заинтересирани курсисти. Од институтот „Јунус Емре“ најавуваат дека постои можност за проширување на областа на изучување и на други видови традиционални турски вештини доколку се појави интерес за тоа. Освен Македонија, во проектот се вклучени и Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Романија.

По завршувањето на обуката, предвидено е да се започне и со производство и продажба на ракотворбите, а на крајот од Проектот ќе бидат организирани и изложби. Сите што се заинтересирани за посета на некој од курсевите може да се пред-регистрираат во институтот „Јунус Емре“ во Скопје.

1 g

0

00

000

1

2

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *