
Најголемите технолошки гиганти и воедно ривали, Епл и Мајкрософт е возможно да се спојат во една компанија во следните 5 до 10 години и така да се спротивстават на конкуренцијата, предвидуваат експертите.
Аналитичарите сметаат дека доколку сакаме да согледаме што сака светот и што му е потребно, единствената опција е технолошкиот пазар да продолжи да расте и да се развива.
Ова е една на прв поглед незамислива идеја, но реално сосема возможна. Експертите сметаат дека Епл и Мајкрософт не само што мораат да почнат да соработуваат во блиска иднина, туку и би требало буквално да се спојат во една компанија бидејќи само така ќе можат успешно да се борат со Гугл, Андроид, Фејсбук и останатата конкуренција.
Во прашање е интересна теорија, но големите технолошки компании ќе мора да научат да соработуваат со цел да направат значително интегрирање кое ќе биде во полза за нивните заеднички корисници.